Салах Абдеслам во Белгија е осуден на 20 години затвор

од desk2
104 прегледи

 

Салах Абдеслам, единствениот преживеан во екстремистичките напади во Париз, денеска во судот во Брисел е прогласен за виновен за обид за убиство во Брисел во март 2016 година, и осуден е на 20 години затвор.

Абдеслам и другиот обвинет Софиен Ајари (24), кој исто така е прогласен за виновен, не беа присутни на читање на пресудата.

Тие пукаа на полицијата при претрес на станот во Брисел, а 28-годишниот Абдеслам четири месеци беше во бегство.

Тој се наоѓа во затвор во Франција, каде се чека судењето поради учество во нападите на ИД во Париз во ноември 2015 година, во кои беа убиени 130 луѓе.

Обвинителството наведува дека тој е единствен преживеан од групата самоубијци која го изврши нападот.

На денешното изрекување на пресудата судијата рече дека нема сомнеж за вмешаноста на двајцата мажи во радикализам.

За време ан судењето што почна во февруари двајцата обвинети не сакаа да се изјаснат за обвинението за обид за убиство на полицајци во контекст на тероризам.