Високиот функционер на Европската унија, Доналд Туск, изјави дека се појавил во суд во Полска поради „важни прашања“.

Тој пред судот се појавил заради прашања поврзани со авионската несреќа во која загинаа 96 лица, меѓу кои и претседателот на полска Лех Качински.
Семејствата на некои од жртвите ги обвинија функционерите од тогашната влада (2010) година) дека не успеале да овозможат безбедност на летот, потсетува АП.
Туск, кој пред судот излегува како сведок, а не како обвинет, за време на несреќата беше премиер на Полска.
Инаку, групата негови приврзаници извикуваше, „Доналд, Доналд“ додека претседателот на Европскиот совет влегуваше во судницата, а тој порани излегувајќи од својот дом рече дека на суд се појавува „во врска со важни прашања“, пренесе АП.
Авионската несреќа се случи на 10 април 2010 година во близина на градот Смоленск, во која загинаа 96 лица, меѓу кои и тогашниот претседател Качински, неговата сопруга и голем број политички и воени лидери.