Извештајот на СЈО пред пратениците во среда

од desk2
102 прегледи

Во среда специјалната јавна обвинителка Катица Јанева ќе го презентира Годишниот извештај на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите за период од шест месеци (за периодот од 15.9.2017 до 15.3.2018) пред членовите на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците.


Денешната седница на Комисијата беше прекината, а продолжението закажано за среда.
Ова е втор извештај на СЈО што ќе го разгледуваат пратениците.

Освен извештајот на СЈО во среда ќе бидат разгледани и годишните извештаи на Народниот правобранител, на Дирекцијата за заштита на лични податоци, како и на Агенцијата за администрација.