Возвратна посета на атинскиот градоначалник на Шилегови и Скопје

од desk4
152 прегледи

 При возвратната посета на Скопје градоначалниците Шилегов и Каминис ќе потпишат Меморандум за соработка.  

 

Градоначалникот на Атина, Јоргос Каминис во петок доаѓа во посета на Скопје, соопштија од Кабинетот на скопскиот градоначалник Петре Шилегов.

По посетата на скопскиот градоначалник во февруари на главниот град на Грција, сега атинскиот градоначалник доаѓа во возвратна посета. Градоначалниците Шилегов и Каминис ќе потпишат Меморандум за соработка, што беше најавено после средбата во Атина.

Првата официјална средба меѓу градоначалниците на главните градови на Македонија и Грција беше на 9 февруари во Атина. Тогаш на заедничката прес-конференцијата Шилегов и Каминис кажаа дека не зборувале за името, туку како да ја зголемат довербата меѓу граѓаните на двете земји преку реализирање на заеднички проекти.

Ова е прва официјална посета на градоначалник на Атина на Скопје. Лани во ноември во посета на Скопје на средби со премиерот Зоран Заев и градоначалникот Петре Шилегов беше солунскиот градоначалник Јанис Бутарис.