384
Фудбалерите на Арсенал сакаат да го испратат Арсен Венгер со трофејот од Лига Европа и победи до крајот на сезоната во англиското првенство, изјави дефанзивецот Пер Мертесакер.
Францускиот менаџер ќе се повлече од функцијата по крајот на сезоната, со што ќе стави крај на речиси 22-годишниот престој во Арсенал, со кој освои три титули на Англија и седум ФА купови.
„Самиот тој ни ја постави Лига Европа како јасна цел. Нашата задача пак е да играме како голем тим и да го испратиме соодветно. Ќе го направиме тоа за него“, рече германскиот фудбалер на Арсенал.
Англичаните играат против Атлетико Мадрид во полуфиналето на Лига Европа.