251
Легендата на Ливерпул, Стивен Џерард ги сподели своите очекувања за полуфиналето на Лигата на шампионите против Рома.
„Мислам дека Ливерпул покажа дека треба да се плашат од него и мислам дека ќе има многу брзо темпо на „Енфилд“ и ќе се обиде да ја искористи брзината за да ја извади Рома од зоната за удобност“.
„Римјаните се повеќе технички потковани, како повеќето италијански тимови. Предностите на Ливерпул се брзината и движењето. Ова треба да се искористи за создавање проблеми за Рома. Сепак, среќата мора да го придружува Ливерпул во двата натпревари“, рече Џерард.
Судирот помеѓу Ливерпул и Рома во првиот натпревар од полуфиналето на Лигата на шампионите е вечерва во 20:45.