Ќе стане ли Гренланд незвисен од Данска?

од desk2
111 прегледи

Во вторник, Гренланд организира локалн избори, каде главно прашање е целосна независност од Данска, на овој остров кој има сопствено раководство, а му се закануваат глобалното затоплување и се бори со честите самоубиства и сексуални напади.

Богат со неистражени природни ресурси, Гренланд ужива автономија од Данска од 1979 година, а во 2009 година му беше доделено самоуправување, додека Копенхаген се уште е надлежен за надворешните работи и одбраната.

Островот кој се наоѓа меѓу Северниот Атлантик и Арктичкиот Океан, а поголем дел од неговата површина е прекриен со мра и има само 55.000 жители, исто така секоја година добива 3,6 милијарди круни или 483 милиони евра, од поранешниот колонијален „газда“.

Додека данскиот Устав ја препознава независноста на островот, ако стане суверен нацијата ќе изгуби дел од поволностите кои ги добива Гренланд, односно 60 отсто од неговиот буџет.

Затоа, главно прашање за политичарите кои се за независност е кога да се оддели потполно од Данска, а тоа да нема штетни последици за островот.

Со домашен производ од 2,2 милијарди во 2015 година, Гренланд би бил најсиромашната земја во Европа заедно со Сан марино.

Од седум политички партии, шест ја фавозиризираат независноста. Некои сакаат тоа да се случи до 2021 година, на 300 годишнината од данската окупација, но повеќето немаат временска рамка.