
-
„ Потпишувањето на ‘Меморандумот за соработка за програмата за практикантство’ во сферата нанаучната и стручната дејност од областа на фармацијата, е од особено значење за сите страни кои сеопфатени со истиот, но најповеќе за самите студенти. Големиот интерес кој беше предизвикан кајстудентите при дистрибуирањето на првичната информација за новата можност која им ја пружамезаедно со нашиот верен партнер ‘Алкалоид АД’ е доказ за квалитетот на оваа програма“ – рече Проф.Кулеванова.Деканот на „Природно-математичкиот Факултет“ при универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Проф. д-рИцко Ѓоргоски, истакна дека потпишувањето на меморандумот за соработка е своевиден чин наверификација на долгогодишната и успешна соработка со „Алкалоид“:„Ние се радуваме што потпишуваме меморандум за соработка со ваква реномирана компанија, не самово македонски туку и во светски рамки. Години наназад, голем дел од нашите најдобри дипломиранистуденти од областа на хемијата своите кариери ги продолжуваат во ‘Алкалоид’. Голем дел од нашитепрофесори се надворешни соработници во развојните лаборатории на оваа компанија и учествувале воголем во број заеднички научни проекти. Убедени сме дека ова е само еден нов почеток, со кој нашатасоработка уште повеќе ќе се прошири и продлабочи, а користа, секако ќе биде обострана“ – изјави Проф.Ѓоргоски.Контурите и основите на овој проект беа поставени во август 2017 година, а праксата на првата групастуденти ќе започне во текот на месец јуни 2018 година. На студентите кои ќе ги исполнат условите за влезво програмата за практикантство, од страна на компанијата ќе им биде доделен обучен ментор, а одстрана матичната образовна установа ќе им биде зададен практичен проект кој ќе треба да го завршат ворок од 3 месеци. По завршувањето на практикантската задача, студентите ќе треба да ги презентираатдобиените резултати кои ќе бидат евалуирани од страна на стручните ментори од компанијата ипретставниците од респективната образовна установа.