Историски момент: Ким Јонг Ун ќе ја премине границата со Јужна Кореја

од desk2
114 прегледи

Ким Јонг Ун утре ќе стане првиот севернокорејски лидер кој преминал на територија на Јужна Кореја од крајот на Корејската војна во 1953 година.

Според новите информации објавени утрово, јужнокорејскиот претседател Мун Џае-ин лично ќе се сретне со Ким на границата во 9 часот и 30 минути по локално време.

Историската средба ќе се фокусира на неодамна изразените намери на Северна Кореја да се откаже од нејзината нуклеарна програма.

Пресвртниот самит е успех на дипломатијата по 65 години заладени односи меѓу двете Кореи.

Сеул сепак предупреди дека постигнување на договор со кој Пјонгјанг ќе се обврзе да се откаже од нуклеарното оружје ќе биде „тешко“ бидејќи нуклеарната и проектилната технологија на Северна Кореја е напредната многу од последниот пат кога имало преговори.

Средбата, трета по ред по самитите во 2000 и 2007 година, е резултат на неколкумесечно подобрување на односите меѓу двете земји и се смета дека ќе го поплочи патот за средбата меѓу Ким и американскиот претседател Доналд Трамп.