Во средата, во 16 часот, во Полициската станица Ресен било пријавено дека во атар на с.Лева Река, на место викано „Курјак“, на непристапен терен, од спој на електричен кабел настанал пожар при што била опожарена борова и дабова шума а пожарот се ширел кон с.Кривени.

Пожарот е се уште активен, а на место се излезени екипи од Територијалната противпожарна единица Ресен, Јавното претпријатие „Македонски шуми“ и дел од месното население. Се преземаат мерки за гаснење на пожарот. За пожарот е запознаена и Дирекцијата за заштита и спасување.