Утре со почеток од 20 часот на сцената на прилепскиот театар „Војдан Чернодрински” премиерно ќе биде одиграна претставата “Пиреј” од Петре М. Андреевски. Режијата е на Љупчо Ѓоргиевски. Дел од актерската екипа се Марија Спиркоска Илиjеска, Александар Степанулески , Катерина Чакмакоска Клинческа, Зоран Иваноски, Игор Трпчески иМарјан Чакмакоски.

Музиката е на Димитар Андоновски, костимите ги изработи Андреј Ѓоргиевски, додека пак сценографијата е дело на Валентин Светозарев. Драматизацијата ја изработи Љупчо Ѓеоргиевски во соработка со драматургот Ивана Нелковска.
Претставата „Пиреј“ е од годишната програма за работа на НУЦК„Марко Цепенков“ – НТ „Војдан Чернодрински“, поддржана од Министерството за култура. Првата реприза е закажана за 28.04.2018 во 20.00 часот.