Џафери не прецизира кога ќе се објави Законот за јазици во Службен весник

од desk2
82 прегледи

Претседателот на Собранието Талат Џафери денеска посочи дека Законот за употреба на јазиците ќе биде објавен во Службен весник, но не прецизираше кога.

„Не сум оптоварен временски кога ќе го пуштам Законот во Службен весник“, рече Џафери на средба со новинарите.

Според него, Уставот го прекршил претседателот Ѓорге Иванов, кој не го потпиша указот за законот. Џафери тврди дека тој нема да го прекрши Уставот и оти упатувањето на законот за објавување не е кривично дело.