Дилемата за фотографијата и нејзината естетска форма како уметност, ја создава клучната дилема за тоа што може да биде уметност, денес. Откако импресионизмот во минатиот век се обиде да му се спротистави на реализмот, осознавајќи нови форми и принципи во сликарството, следуваа големиот Пикасо, Хенри Матиз, Казмир Маљевиќ кои повторно ја реосмислија ликовната важност. Отука, многу е важно како во современата може да се чита уметничката вредност. Ако се земе во предвид, дека за еден век има голема промена во користењето на медиуми, очигледно е дека фотографијата е еден од водечките инструменти и алатки на уметникот. Важноста да се пренесе идејата за рушење на стереотипите, дека фотографијата е стерилна, авторот Франсес Бери, го докажува сосем спротивното. Паметното користење на објективи и леќи, светлото, како и триковите кои се прават за време на процесот фотографирање прават фаворизирање на една виртуелна реалност, фикција на очигледното кое нема допир со класичната фотографија која го одбележува моментот./В.К
Фотографии на Франсис Бери