ВМРО-ДПМНЕ: Ќе се носи ли смет од депонијата во Струга на Дрисла?

од desk2
149 прегледи

 

Власта го претвора Скопје во голема депонија, обвини ВМРО-ДПМНЕ, затоа што отпадот од повеќе градови од државата ќе се носи во Скопје, со што се загрозува животната средина и здравјето на скопјани.

„Во скопската депонија Дрисла во моментов се транспортира ѓубре од Тетово, а истото се планира и со сметот од општина Струга. Дрисла не може и не смее да биде депонија каде ќе се носи отпад од цела држава. Тука се работи за тони и тони дополнителен отпад кој е во распаѓање и е исклучително штетен, како за животната средина, така и за здравјето на граѓаните. Скопјани не го заслужуваат тоа“, вели Ирена Попова од ВМРО-ДПМНЕ.

Сметаат дека Со ваквиот начин на управување на Дрисла, Скопје со сигурност ќе го дише најзагадениот воздух во државата. Квалитетот на воздухот нема да се подобрува, туку ќе се влошува.