Митко Чавков излегува од притвор

од desk2
107 прегледи

Апелациониот суд потврди, поранешниот директор на Бирото за јавна безбедност, Митко Чавков излегува од притвор. Обвинителството за организиран криминал поднесе жалба на одлуката на Кривичен, Чавков да се брани од слобода со гаранција од неколку стотици илјади евра недвижен имот.

Чавков кусо беше пуштен од затворот во Шутка, откако Врховниот суд му го укина притворот. Беше вратен назад откако полицијата не го пронајде на посочената адреса. Чавков е еден од 30 – те обвинети за тероризам и загрозување на уставниот поредок за настаните од 27 април лани..Alsat M