Горивата поскапуваат за два денари

од desk4
63 прегледи

Од полноќ малопродажните цени на бензините Еуросупер 95 и Еуросупер 98, како и на Еуродизелот и на Екстра лесното масло за домаќинство се зголемија за два денара по литар, соопшти денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

 

Според РКЕ, малопродажната цена на Еуросупер 95 ќе биде 70 денари, на Еуросупер 98 71,5, на Еуродизелот 62, а на Екстра лесното масло за домаќинство 50,5 денари за литар.

Се зголемува и малопродажната цена на мазутот, за 1,317 денари, поради што килограм ќе чини 30,037 денари.