Наближува концертот на џез иконата Боб Џејмс трио

од Vladimir Zorba
73 прегледи

Само неколку дена до двата спектакуларни концерти на мајсторот на смут џезот, пијанистот Боб Џејмс (Bob James) со неговото трио во сабота на 5 мај со два последователни концерти. Првиот со почеток во 19.30 часот, а следниот, истата вечер, со почеток во 22 часот на сцената на Македонската филхармонија. Боб Џејмс ќе настапи заедно со Мичел Палазоло на бас и Патрик Вилијамс на тапани.

 

Во текот на својата долга и разнолика музичка кариера и како соло артист и како дел од неговиот квартет и трио Боб Џејмс има издадено преку 50 албуми. Билетите се во продажба преку мрежата на „Купи Карти За Се“ и на билетарата на Македонската филхармонија.