Детската анимација „Неверојатната приказна за џиновската круша“ низ кино салите во Македонија

од Vladimir Zorba
88 прегледи
Данскиот анимиран филм „Неверојатната приказна за џиновската круша“ од утре ќе биде прикажан низ 20 кино сали во Македонија како и на онлајн платформата www.cinesquare.net.  Детската анимација е синхронизирана на македонски и на албански јазик.
Со ова Македонија е дел од голем меѓународен проект за кинодистрибуција. Филмот истовремено се прикажува и во Хрватска и во Албанија, синхронизиран на јазикот на земјата каде се прикажува.