Компанијата VW го менува логото

од desk2
97 прегледи

 

Препознатливото лого на германскиот гигант, кој најчесто може да се види на балканските патишта, го менува изгледот.

Се чини дека на еден од најпрепознатливите логоа во автоиндустријата му дојде крајот.

Директорот за маркетинг на VW најави дека новото лого на компанијата ќе биде претсетавено на почетокот на 2019 година.

Според она што се знае до сега, новото лого би требало да биде „поемотивно“, со повеќе бои, но исто така, ќе има задача да ја избрише лошата слика за компанијата по „дизелгејт“.