Њујоркшкиот хотел „Плаза“ продаден за 600 милиони долари

од Vladimir Zorba
77 прегледи

Легендарниот њујоркшки хотел „Плаза“ е продаден за цена од 600 милиони долари. Договорот за продажба ќе биде финализиран на 25 јуни, а хотелот ќе го купат двајца инвеститори.

Станува збор за Шанал Кан, основач на компанијата „Вајт сити венчерс“ со седиште во Дубаи, и Камран Хаким од холдингот „Хаким“, кој е еден од најголемите сопственици на недвижности во Њујорк.

Хотелот „Плаза“ е отворен во 1907 година и е единствениот хотел кој е впишан во американскиот Национален регистар на историски знаменитости.