Палма де Мајорка забранува изнајмување на апартмани

од Vladimir Zorba
29 прегледи

Палма де Мајорка стана првиот шпански град, во кој од оваа сезона ќе биде забрането издавање на станови за изнајмување со туристички цели во катни згради, соопштија туроператорите. Оваа мерка мора “да го спречи масовниот туризам” и да го зачува градот “погоден за живот” на самите Шпанци.

Градскиот совет на главниот град на Балеарските Острови и Острава Мајорка – Палма – усвои уредба, која им забранува на приватните сопственици на станови во блоковите да го даваат под наем својот недвижен имот.

Забраната, која влегува во сила во јули, не вклучува еднокатни куќи и вили. Според градските власти неконтролираниот раст на туризмот поради сајтови како Airbnb, доведува до нагло поскапување на становите во главниот град на Мајорка. Во изминатите 4 години, вредноста на изнајмувањата на недвижен имот е зголемена за 40%.

Поради тоа на островот не се задржуваат пристигнатите специјалисти да работат: едноставно не им е по џебот да изнајмуваат  живеалиште кое поскапува премногу време на туристичката сезона. Во исто време, бројот на нелиценцирано туристичко сместување понудено во Палма се зголеми за околу 50% помеѓу 2015 и 2017 година. Од околу 20.000 станови што се нудат за краткорочни изнајмувања, само 645 имаат соодветни лиценци и плаќаат даноци.