Од одделот на BMW кој е задолжен за производство на моделите со ознака M пристигна моќниот M5 Competition, кој може да се пофали со 617 коњски сили и максимална брзина од 304 километри на час.

BMW реши да „војува“ со германскиот ривал Mercedes и на пазарот го претстави новиот M5, кој би требало да е директен конкурент на AMG E63.
Неофицијалните информации кои тврдеа дека BMW M5 ќе располага со 625 коњски сили не беа точни, бидејќи официјалните информации велат дека тој ќе има 4,4-литарски битурбо V8 мотор кој развива 617 коњски сили.
BMW M5 Competition се приклучи на друштвото каде веќе се наоѓаа M2, M3 и M4, а по надоградбата на моторот и активниот издувен систем кои резултираа во дополнителни коњски сили, супербрзиот седан развива од 0 до 100 км/ч за само 3,1 секунди, а за забрзување од 0 до 200 км/ч му се потребни 10,8 секунди. Ако купувачот се реши за пакетот M Driver, тогаш максималната брзина на неговиот автомобил ќе биде 304 км/ч.

За преносот на силата на двете осовини (xDrive) е задолжен 8-степенски автоматски менувач кој располага со три програми на работа (Efficient, Sport и Ultra-High Performance). Наменски прилагодениот адаптивен погон и во овој случај му пружа на возачот можност за дистрибуција на силата само на задната осовина. Тука е и активниот M диференцијал, а кон извонредното управување на автомобилот свој придонес дава и дополнително пониската и зацврстена адаптивна суспензија со три работни програми.
Покрај посебните 20-инчни алуминиумски фелни, главната надворешна карактеристика на верзијата Competition се црните детали на каросеријата. Карбонско-керамичките кочници останаа на листата со опционална опрема.
Сериското производство на BMW M5 Competition почнува во јули оваа година.