Владата на вчерашната седница одлучи да ја укине забраната за продажба на алкохол во продавница по 19 часот.

Како што појасни портпаролот Миле Бошњаковски, малопродажните места се уште ќе треба да имаат лиценца за продажба на алкохолни пијалоци, но нема да има временско ограничување на продажба, ниту пак посебни услови во продавниците.