ВМРО- ДПМНЕ: Власта ја носи Македонија се поблиску до должничко ропство

од desk2
92 прегледи

 

Економското цунами олицетворено во СДСМ и црното економско трио Заев, Тевдовски и Анѓушев ја опустоши македонската економија и ги осиромаши македонските граѓани, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Додека цените на основните продукти потребни за живот растат, просечната плата е во слободен пад. Малопродажните цени во април пораснаа за 3 проценти споредбено со лани, додека трошоците за живот се зголемени за 1.4 проценти, а платите во февруари годинава во однос на јануари се пониски за 867 денари“, се вели во соопштението.

Сметаат дека за сето ова време додека стандардот на граѓаните драстично опаѓал, а „црното економско трио Заев, Тевдовски и Анѓушев“ само во првите три месеци од годината секое едно македонско семејство го задолжија за нови 600-тини евра, односно вкупно ја задолжија државата за нови 300 милиони евра. Секој граѓанин на Република Македонија има долг од 2.500 евра, а просечното четиричлено семејство има долг од неверојатни 10 илјади евра од вкупниот долг на државата.

„Картелот на власт ја носи Македонија се поблиску до должничко ропство, јавниот долг ја помина границата од 5 милијарди евра, државниот границата од 4 милијарди евра, а се уште нема ни трага ни глас од ветениот семафор на Триумфалната Порта кој требаше да го отчитува долгот на државата и да покаже транспарентност“, се вели во партиското соопштение.