Австралискиот научник Дејвид Гудал по своја волја си го одзема животот

од Vladimir Zorba
81 прегледи

Aвстралискиот научник Дејвид Гудал (105), се одлучи со медицинска помош да си го одземе животот во болница во Базел, Швајцарија. При евтаназијата денеска, на која имаше и новинари, тој отпеа неколку тактови од „Ода на радоста” од Деветата симфонија на Бетовен.

– Не сакам веќе да живеам и среќен сум што имам можност самиот да му ставам крај на својот живот, изјави Гудал, нагласувајќи дека  веројатно ќе почине со помош на смртоносна инјекција, но сепак ќе остави за методот да одлучат лекарите.

Гудал, кој е роден на 4 април 1914 година, сметаше дека евтаназијата треба да биде подостапна.