Пејачката Нета со песната „Toy“ („Играчка“) која го претставуваше Израел, е победник на овогодинешниот избор за Песна на Евровизја што синоќа се одржа во главниот град на Португалија, Лисабон.

Финалето на Евровизија 2018 година, кое се одржа во Лисабон оваа година, му донесе победа на Израел со песната ” Играчка “. 25-годишната пејачка Нета Барзилај од Израел, која до неодамна се беше разгласувала само на
свадбените свечености, откри Талат пред 200 милиони гледачи од целиот свет. Нејзиниот стил е исклучително различен и тешко да се опише со зборови.
Таа од жирито и публиката освои 529 поени, и зад себе ги остави Кипар и Австрија кои ги освоија второто и трето место.
Финалето на Евровизија помина со еден контроверзен момент што се случи во текот на настапот на Велика Британија, кога еден маж упадна на сцена и ѝ го зема микрофонот на претставничката на оваа земја, Сури.
Како што најави на крајот Нета, следната година изборот за Песна на Евровизија ќе се одржи во израелскиот град Ерусалим.
Македонија настапи во првата полуфинална вечер но не се пласираше во финалето.
Според листата на гласање објавена на официјалниот веб портал на Евровизија, Македонија освои 24 поени и го зазеде претпоследното 18 место. Последна се пласира Исланд со освоени 15 поени.

Највисоките места се рангирани на следниов редослед
1. Израел
2. Кипар
3. Австрија
4. Германија
5. Италија
6. Чешка Република
7. Шведска
8. Естонија
9. Данска
10. Молдавија
Повеќето поени што публиката им ги достави се за на Литванија, Естонија, Молдавија, Украина,
Германија, Данска, Чешка, Италија и Кипар и со нивно прво гласање го заковаа Израел на првата позиција.