Само 8 од 120 пратеници немаат Фејсбук

од desk2
84 прегледи

Само 8 од 120 пратеници во Собранието немаат Фејсбук-профил, а само 31 од народните избраници се на социјалната мрежа Твитер. Истражувањето направено на почетокот на месецов покажува дека за девет години драстично е зголемен бројот на пратеници што користат Фејсбук.

Тогаш на оваа социјална мрежа активни биле само 33-ца од нив. Сепак, истражувањето покажува дека иако имаат активни профили на Фејсбук, голем дел од пратениците ретко објавуваат содржини на нив и дека активно ги користат само за време на изборните кампањи.

За да се подобри комуникацијата со народните избраници, се предлага поставување линкови до социјалните медиуми на секој пратеник на собраниската веб-страница.