Ламборгинито на Папата продадено за рекордни 715.000 ера

од desk2
150 прегледи

 

Пред одржаната аукција, се предвидуваше дека специјалниот Huracan, Ламборгини кој Папата го доби на подарок во 2017 година, ќе постигне цена од 250.000 до 350.000 евра, но сепак на аукцијата одржана викендов тој беше продаден за 715.000 евра.

Папата е познат по низа вредни и интересни подароци кои ги добив од луѓето низ целиот свет, па така и не е чудно што Ламборгинито му го подари Huracán RWD Coupé. Посебното скапоцено возило со златни ватикански обележја, опремено со кожни седишта, е и посебно поради потписот на Папата исцртан на предата хауба.

Бидејќи не може да го вози внатре во ватиканските ѕидини, Папата одлучи оваа моќна машина да ја продаде на аукција.

Автомобилот е во совршена состојба, со оглед на тоа дека од крајот на 2017 година не излегло од гаражата, па ни папата ни некој од неговата свита не го пробале на отворен пат.

Парите од Ламборгинито ќе бидат дадени во хуманитарни цели.