Многумина се незадоволни од својот сексуален живот, а најчеста причина е токму недостатокот на акција в кревет.

Ако им се верува на стереотипите, обично жените се жалат на главоболки за да избегнат секс.
Но, истражување на научниците сугерира дека всучност, често мажите се виновни за недостатокот на секс во бракот, затоа што се под притисок дали ќе ги исполнат очекувањата на партнерката.
Взр основа на 64 студии за љубовниот живот на двојките се заклучло дека мажите обично го одложуваат сексот врз основа на очекувањата дека тие се тие кои треба да го направат првиот потег, односно да иницираат водење љубов.
И, токму ккао кај жените, главни причини се помалку емотивна поврзаност или страв дека партнерката ќе ги смета непривлечни.
Научниците покажаа дека емотивната поврзаност е многу важна за двата пола.
„Постои стереотип во нашата култура дека жените имаат помала сексуална желба од мажите, како и дека е абнормално жентите да имаат висок либидо, или пак мажите да немаат желба за секс“, вели автор на студијата.
Врз основа на тоа, многу мажи чувствуваат притисок од своите жени девојки или општеството дека мора да иницираат секс, дури и кога не сакаат. Исто така, тие се грижат дека нема да имаат доволно еротски набој или дека нема да ги исполнат очекувањата.
Треба да се има предвид дека на мажите, но и на жените многу им е важна емотивната поврзаност со партнерот која влијае врз сексуалната желба, а водителот на студијата советува двата пола да ја прифатат сексуалноста и желбата за секс, која варира во врската или бракот, затоа што тоа се сосема нормални промени.