По повод 18 мај -Денот на Музеите во Галерија Робевци во 19 часот ќе биде отворена 28-мата по ред традиционална изложба на дела подарени од автори кои изложувале последните неколку години во галеријата.
Реализираните перформанси „Деструкција-Ѓуле“ и ,„Деструкција-ритам“ преставува продолжение на мултимедијалниот милитантен проект „Молк“, во чии рамки беше изведен перформансот „погребување“ во просториите на Музеј на град Скопје, во 2016 година. Ваквиот вид перформанс има намера, во извесна смисла да се поврзе и со процес-артот, кој во иднина ќе продолжи, на различни начини на деструирање да се изведува. Тоа подразбира дека ќе следат уште четири меѓусебно различни видови на уништување на објектите, низ бушење, сечење, шмирглање до целосно исчезнување на објектот како и последниот со уништување низ симулирање на звукот на звечарка. Со симболиката на змијата ќе се заокружи целиот проект кој ќе реферира на различните аспекти на општествено-политичкиот контекст, како на локално така и на глобално ниво.
Краток опис на перформансот
Актуелните перформанси со помош на музички палки-удиралки, ритмички низ седум осминки ќе се изведува со удирање врз објектот, како и сечење со пили, бушење со бургии, шмирглање со шмиргли, се до неговото конечно уништување. Перформансите освен ритамот го подразбира и звукот, кој кај публиката може да предизвика различни емоции: од танцување, па се до драматичен страв итн.