Во црквата „Св. Спас“ на Кале денеска ќе биде отворен „Пролетен базар на домашни ракотворби 2018“ во организација на Град Скопје, Здружението на уметници ракотворци „Артикрафт“ и Конзерваторскиот центар Скопје. 
Базарот ќе биде отворен во 10.30 и ќе трае до четврток до 18 часот.
На едно место ќе бидат претставени дела на креативните раце на занаетчиите и ракотворците изработени од најразлични материјали, а ќе има и занаетчиски презентации со различни содржини.
Во рамки на базарот за утре е планирано да се формира мрежа на ракотворци на стари занаети на ниво на Македонија.
Базарот ќе има и придружни активности, како модна ревија, музички и поетски настапи и занаетчиски работилници.