Хируршките зафати лошо влијаат врз срцето

од desk2
66 прегледи

Хируршките зафати може да доведат до оштетување на келиите на срцето кај секој седми човек во постара животна доба, сугерира инстражувањето на швајцарски научници.

Последица е шесткратно зголемување на ризикот од смрт од последиците на операцијата, пишува стручниот магазин Circulation по анализата на податоците собрани од 2.000 пациенти.

Истражувачите од Универзитетската болница во Базел нагласуваат дека нивните наоди се однесуваат и на оперативните зафати кои не се директно поврзани со срцето. Освен кај постарите лица. вакво зголемување на ризикот е присутно и кај лицата кои имаат дијагноза за болест на срцето.