Паметни семафори во Велика Британија им кажуваат на возачите со која брзина да возат за да ги фатат сите зелени светла

од desk2
125 прегледи

Концептот на AECOM ќе биде тестиран со симулација на патот A59 во градот Јорк во Англија, пишува DailyMail. AECOM разгледува како новата технологија може да им овозможи на семафорите да „разговараат“ со возачите преку компјутерски модел на дел од градскиот коридор со помош на софтверот за симулација на сообраќаен тек VISSIM.

На овој начин истражувачите ќе можат детално да симулираат како ќе реагира секое поединечно возило во комуникацијата со семафорите. Оваа иновација е една од петте финалисти на натпреварот организиран од Национачната комисија за инфраструктура во Велика Британија, Highways England и Innovate UK за создавање патишта за автономни автомобили.

Постојаното сопирање и тргнување на семафорите ги уништува кочниците на возилата, а забрзувањето за да се стигне зеленото светло на наредните семафори ја зголемува емисијата на штетни гасови.