Ќе се зголемат цените на становите ако Владата го врати ДДВ-то на 18% за продажба на станови

од desk2
154 прегледи

Во Скопје се повеќе и повеќе се гради. Банките велат дека константно висока е и побарувачката на станбени кредити. НБРМ за месец април излезе со извештај кој покажува месечен раст од 1,1 процент на одобрени станбени кредити кај физички лица. Тој на годишно ниво изнесува 15,4 проценти, јавува Телма.

Догодина, се заканува отежнато решавање на станбеното прашање кај младите заради повисоки цени на становите, доколку ДДВ-то за продажба на станбен простор се врати на 18 проценти.

Од Градежната комора ја повикуваат Владата што поскоро да го реши ова прашање и ДДВ-то да остане на 5 проценти се’ до 2023 година – и заради оние кои планираат да купат стан, но и заради реализација на проектите на градежниците.

Повеќе тука.