Џафери за Н1 ТВ: Груевски е во психолошка криза

од Vladimir Zorba
98 прегледи

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, во интервју за српската Н1 телевизиjа запрашан за неговиот личен однос со експремиерот Никола Груевски изјави дека против него нема ништо лично.

„Јавните личности се сами одговорни за нивното однесување во јавноста. Нападот е одраз на психолошка криза со оглед на тоа дека многу процеси за кривични дела се водат против него, како и неговата смена од претседателската функција во партијата. Сето тоа беше причина за во дадениот момент тој да не може да се исконтролира себе“, рече Џафери.