Груевски: Со мерцедесот се возев 10 до 15 пати

од Vladimir Zorba

Екс премиерот, Никола Груевски, призна во денешното интервју на ТВ Сител дека се возел со луксузниот мерцедес за кој беше осуден на две години казна затвор. На прашање колку пати се превезувал со мерцедесот, тој рече:

-Може 10-15 пати кога одевме на подолго патување, или кога другото возило беше на сервис – изјави тој.

Според него предметите на СЈО кои се водат против него се политички монтирана хајка, пренесува Фокус.

Слични содржини