Пронајден мандатарот на Италија – стигна со ранец и куфер

од desk2
86 прегледи

 

Претседателот на Иралија, Серџо Матарела, го довери мандатот за состав на новата влада на Карло Котарели, кој задолжението го прифати со резерва.

Тоа го објави генералниот секретарот на Претседателството Уго Зампети, јави „Кориеере дела сера“, по состанокот на Матарела и Котарели што траеше околу час и половина.

Карло Котарели, 62-годишен економист, стихна на состанок со претседателот Матарели во палатата Квиринале директно од римската железничка станица Термини, со ранец на грбот и куфер на тркала.

Според весникот се појавиле шпекулации за тоа кои би можеле да бидат министри во неговата техничка влада, па така за кандидат за нов министер за надворешни работи се спомнува дипломатот Џампјеро Масоло, некогашниот шеф на Секретаријатот на поранешниот премиер Силвио Берлускони.

„Република“ го нарекува Котарели „господин ножички“ поради неуспешниот обид во 2013 година да ги намали трошоците на јавната администрација во функција на Специјален комесар за ревизија.

По една година следниот премиер Матео Ренци го врати во Меѓународниот монетарен фонд, каде кон крајот на 80-тите како стручњак за фискала политика, во седиштето во Вашингтон, веќе обавуваше разни функции.

Весникот оценува дека и Котарели да ги смири финансиските пазари, неговата влада тешко ќе обебзеди мнозинство во актуелниот парламент.

Италија и по 12 недели од одржувањето на апрламентарните избори, што е рекорд за републиката, нема влада, а партиите веќе размислуваат за нови предвремени избори на 9 септември.