Откако цените на горивата неколкупати се зголемија во послендите недели, од опозициската ВМРО-ДПМНЕ денеска реагираа дека инфлацијата тропа на врата, „гледаме дека секој ден се зголемуваат цените на бензините и на дизелот, а од друга страна имаме ситуација во која што се зголеми акцизата од 3,5 денари од страна на оваа влада на Зоран Заев и Драган Тевдовски и таа трае веќе со месеци“.

Од тие причини ВМРО-ДПМНЕ веднаш, неодложно бара од владата и од СДСМ да се укине акцизата со зголемување на цената на дизелот и неговите деривати која што ја наметна Владата на Република Македонија.
„Цената која што ја плаќаат граѓаните, економијата, автобуските превозници, камионскиот транспорт, но консеквентно и сите останати кои што се погодени со оваа инфлација која што и се случува на Македонија е секојдневна. Од тие причини бараме веднаш и неодложно укинување на наметнатата акциза на дизелот од 3,5 денари која што ја наметна владата на Зоран Заев и Драган Тевдовски“, рече Влатко Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ.