
Facebook пројавува се поголем интерес кон хардверот и ја разгледува можноста да започне со дизајнирање на сопствени серии на процесори. Предметните чипови на компанијата се очекува да поддржуваат машинско учење и нивната цел ќе биде да филтрираат во реално време содржина што ја гледаме во нашите профили. Информацијата ја потврди шефот на одделот за вештачка интелигенција на компанијата, Јан ЛоКун. Според него, има уште многу работи што Facebook може да ги направи за да се справи со распространуањето на навредливи содржини, пишува „TomsHardware“.
Новата серија процесори не само што ќе го подобруваат квалитетот на публикациите во социјалната мрежа, но и ќе ја намалат зависноста на Facebook од други производители. Потсертуаме дека во минатото компанијата инвестира во развојот на серверски архитектури, матични плочи и сопствени комуникациски процесори за центрите за податоци. Moќноста на процесорите ќе се користи за блокирање на каналите, кои стримуваат нецензурирана или несоодветна содржина на социјалната мрежа, што е голем проблем за Facebook.
Користењето на сличен хардвер ќе им овозможи на Facebook со многу помал број на луѓе да се спротистави ефикасно на публикациите и видео клиповите кои поттикнуваат расна и етничка омраза. Овој проект се уште се наоѓа во почетна фаза и допрва ќе дознаваме повеќе детали за плановите на компанијата во овој сегмент. Премиерата на сопствена серија процесори всушност не е толку изненадувачки со оглед на импресивните финансиски можности и огромното количество информации што закачуваме во профилите.