Претседателот на ФИФА тажен поради отсуството на Италија од СП

од Vladimir Zorba
50 прегледи

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, го коментираше отсуството на Италија од претстојниот Светски шампионат.

Италија не успеа да се пласира на Мундијалот што е прв случај по пауза од половина век.

-Моето срце плаче, бидејќи Италија нема да игра на Светското првенство. Жал ми е што нема да видиме легенда како Џанлуиџи Буфон, изјави шефот на светскиот фудбал.

Ова е втор патјавно да изрази жалење за неучеството на „азурите“. Тој претходно, нивниот неуспехот во баражот со Шведска го оцени како трагедија.

СП во Русија почнува на 14 јуни.

Слични содржини