Голема фигура во Ферари го менува тимот

од Vladimir Zorba
124 прегледи

Главниот дизајнер на Ферари, Симоне Реста, го напушта тимот кон крајот на мај, а од 1 јули ќе стане нов технички директор на Заубер. Италијанецот ја започна својата кариера во Формула 1 со Минарди во 1998 година, а во 2001 година се приклучи на „Скудерија“.

Заубер неодамна се раздели од неговиот директор, Јорг Зандер. Во неговата нова позиција, Реста директно ќе кореспондира со лидерот на тимот – Фредерик Васер.

„Неговото доаѓање во Заубер претставува значителен чекор напред како дел од проектот Алфа Ромео, кој ќе го зајакне тимот и ќе обезбеди стабилни перформанси“, рече Васер.

Напуштањето доаѓа еден месец откако „црните коњчиња“ објавија дека еден од највисоките функционери на ФИА – Лоран Мекис – ќе почне да работи со тимот со висока техничка позиција. Според регулативите на ФИА, Мекис ќе ја преземе функцијата во септември.