Освојувајќи ја најпрестижната трка од американските автомобилски серии Индикар – Инди 500, Вил Пауер зема солидни 2.52 милиони долари. Шампионот на Индикар за 2014 година ја оствари својата прва победа во Индијанаполис во текот на викендот. Тој заврши со предност од 3,15 секунди во финишот

Денот пак се покажа одличен за австралиските навивачи, бидејќи неколку часа порано Даниел Рикардо победи за првпат на Гран При на Монако во Формула 1.
Освојувачот на пол-позиција, Ед Карпентер кој заврши втор на крајот, заработува речиси милион долари од вкупниот награден фонд во износ од 13 милиони долари.
Скот Диксон од Нов Зеланд останува со трета позиција и 587.000 долари.