Вчера во 17:30 часот во Полициската станица Аеродром Л.Е.(52) пријавила дека истиот ден околу 14 часот додека шетала на булеварот „АСНОМ“ била нападната и бутната од страна на куче-скитник и при падот се здобила со повреда, скршеница во пределот на десната рака.

Потоа побарала лекарска помош во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“ каде од страна на лекар била константирана тешка телесна повреда.