Изложбата „Умни глави – топ дизајни“ утре во КИЦ

од Vladimir Zorba
162 прегледи

Академијата за графички и веб дизајн под покровителство на Семос Едукација, организира завршна изложба насловена како „Умни глави – топ дизајни“ на 26-те студенти од генерацијата 2017/18 година. Изложбата ќе биде свечено отворена во петок (1 јуни 2018 година), со почеток од 20 часот во Културно Информативниот Центар (КИЦ), а влезот е слободен.

Студентите од програмата за веб дизајн ќе се претстават со оригинални веб проекти со прилагодлив дизајн на разни уреди и применети UX/UI кориснички принципи, како што се: сопствени Е-портфолија и динамични веб-страници за реални и измислени клиенти кои содржат програмерски дел, галерија и мултимедијални содржини.

Студентите од програмата за графички дизајн ќе се претстават со повеќе од 150 графички решенија, како најуспешни и најкреативни проекти на кои работеле во изминатиот период, како што се:  постери на разни теми, логоа и корпоративен идентитет, дигитални манипулации на фотографија, дигитални илустрации и дизајн на публикации.

„Со оваа изложба која полека преминува во традиција, ја затвораме успешната академска година, ги претставуваме проектите на студентите, доделуваме дипломи, пофалници и стипендии. Како тренинг центар за неформално образование, изградивме бренд на пазарот и го подигнавме стандардот на едукација во полето на графичкиот и веб дизајн. Успешната соработка со бизнис заедницата и уникатниот модел на настава, резултираше со квалитет на излезните резултати и стекнување со соодветни компетенции на нашите студенти. Ги повикувам сите заинтересирани да присуствуваат на настанот, да ја почувствуваат атмосферата на исполнетост и радост кај студентите кои академската година ја завршија со одличен успех.“ – изјави м-р Ангелина Канчевска, раководител на Академијата за графички и веб дизајн.

 

Академијата за графички и веб дизајн во рамки на Семос Едукација, во своето 12 годишно постоење досега има едуцирано повеќе од 250 дизајнери кои успешно ги градат своите кариери во Македонија и странство. Основната цел е едукација на студенти и создавање кадри – Графички и Веб дизајнери кои лесно ќе се прилагодат на пазарот на трудот во графичката и интернет индустрија, како и мултимедијата. Како водечка едукативна институција во ова поле, Академијата гo персонифицира духот на врвни знаења, креативни активности, креирање на дополнителна вредност и оригинални идеи.

Уписот за новата академска 2018/19 година е веќе отворен и сите заинтересирани можат да го искористат најголемиот промотивен попуст за рана уплата до 15 јуни.