Измина година во која октроираната власт на Заев, Ахмети, Гаши, Тачи, Амди Бајрам, Милевски и Тито, заедно во власт за една намена, ги срушија темелите врз кои долги години опстојуваше Република Македонија. Измина година на лаги, расипништво, пропаѓање на секој план, сметаат од опозициската партија.

„Ви ветија одговорни и департизирани институции во служба на граѓаните, а добивме партиски и клановски башибозук во служба на криминалниот картел на Заеви! Ветија независно и праведно судство, добивме партиски полтрони, исплашено судство кому Премиерот му ги диктира пресудите! Најголемата судска реформа е ослободувањето на Заев за корупција.
Ви ветија политика која нема да биде надредена над правото, а добивме владеење на улицата и криминалот. Пајаци ги тепаат полицајците! Така изгледа департизацијата, деполитизацијата и професионализацијата со оваа власт“, рече Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ.
„Во оваа година, Македонија загуби многу. Трпението на Република Македонија за ваква власт одамна е завршено. Мора веднаш да си заминат. Крајот им почнува во сабота, на втори јуни во 20 часот“, повика Стоилковски.