Пратениците на Движењето БЕСА, иако поделени во две фракции, се уште остануваат во иста парламентарна група. Пораката на спикерот на Собранието, Талат Џафери, дека пратениците на БЕСА најдоцна од петок треба да се изјаснат дали припаѓаат на мнозинството или на опозицијата, не е земена во предвид од претставниците на Движењето БЕСА. Пратеникот на Беса од крилото на Касами, Фадил Зендели вели дека трите пратеници од групата на Африм Гаши треба да се декларираат за нивните политичка дејствувања во иднина, бидејќи тие се во спротивност со политиката на опозициската партија Движење БЕСА.

„Моите колеги кои се дел од парламентарната група, но не делуваат во рамките на структурите на Движењето Беса, тие треба да се изјаснат за формата и начинот на нивното политичко дејствување. Поради оваа причина, не е моја должност да ви кажам како тие ќе дејствуваат, бидејќи тие самите ќе треба да кажат како го гледаат своето дејствување откако веќе истакнаа дека сакаат да бидат дел од парламентарното мнозинство. Движењето Беса официјално со сите партиски тела е прогласена за опозициска партија, но постои конфликт кој е политички нестабилен и верувам дека моите колеги со она што денеска одлучија да бидат дел од парламентарното мнозинство, исто така, ќе го артикулираат и нејзиното политичко дејствување во иднина“, изјави Фадил Зендели, пратеник на Движењето Беса.
Претседателот на другото крило на Беса, Африм Гаши, не сакајќи многу да коментира за парламентарната група, рече дека ова прашање се дискутира во раководството на партијата и дека се уште не е донесена конкретна одлука.
„За ова прашање прво ќе треба да одлучиме во раководство на партијата. Потоа, кога ќе имаме јасен став ќе ја информираме и јавноста“, рече Африм Гаши – Движење Беса.
Инаку, Движењето Беса од јануари оваа година е поделена на две фракции, оние кои го поддржуваат Билл Касами за претседател и другите кои се за Африм Гаши. На кого ќе му припадне оваа партија, ќе се дознае од судскиот епилог што е во тек./Alsat M