Заев се уште на разговал со Ципрас, работните групи ги прецизираат техничките детали

од desk4
91 прегледи

   Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека се уште немал телефонски разговор со неговиот грчки колега Алексис Ципрас во врска со евентуалниот договор за прашањето за името.

– Во тек се разговорите на работните групи околу одредени технички детали, рече Заев, кој  присуствуваше на почетокот на градежните работи за изградба на експресен пат Радовиш – Штип.

Засега, како што посочи, не сака да ги коментира информациите што ги пласираат грчките медиуми во однос на предлогот Република Северна Македонија.