Lenovo развива нова верзија на хибридниот лаптоп Yoga Book Pro

од desk4
72 прегледи

Lenovo привлече големо внимание кон себе со својата атрактивна серија на хибридни уреди кои ги комбинираат функциите на лаптоп и таблет. Компанијата продолжува да посветува поголемо внимание на овој дизајн и веќе работи на нова верзија на оригиналниот Yoga Book, кој беше официјално претставен во 2016 година. Иновативниот дизајн на уредот принуди многу други производители да презентираат слични модели за да се натпреваруваат со него на пазарот.

Новиот модел ќе се вика Lenovo Yoga Book 2 Pro и ќе понуди сличен механизам кој ќе му овозможи да преземе различни режими на работа. Податоците се од документи со кои компанијата регистрира во свое име трговска марка „Yoga 2 Book 2 Pro“ заедно со „Lenovo Pen Pro“. Ова автоматски значи работа на нова генерација електрични пенкала, оптимизирани за екран на допир на претстојниот хибрид, информира „TheVerge“.

Големината на екранот ќе биде помеѓу 12 и 13 инчи, бидејќи ултратенките димензии секогаш биле карактеристична особина на серијата Yoga. Новиот уред најверојатно ќе се потпре на осмата генерација процесори на Intel, како и различни конфигурации, вклучувајќи комбинација меѓу HDD и SSD дискови. Оригиналниот модел дебитираше по прифатлива цена од 650 долари и може да очекуваме слична вредност за новиот Yoga Book 2 Pro.