Палестина повторно се тресе: Израел ги бомбардира позициите на Хамас од каде што се лансираат ракети

од desk2
130 прегледи

Откако избија протестите од 30-ти април на границата помеѓу Појасот Газа и Израел, досега животот го загубија над 120 Палестинци, а протестите се проширија и во поголем конфликт.

Авионите на израелското воено воздухопловство само во текот на вчерашниот ден бомбардирале 15 позиции на организацијата Хамас во Појасот Газа, откако претходно во текот на ноќта биле лансирани ракети кон територијата на Израел.

Засега нема информации за загинати и повредени во „размената на ракети“ помеѓу Палестинците и Израелците.

Сето ова се случува само неколку дена подоцна откако од исламистичката група Хамас која што управува со Појасот Газа пристигна соопштение дека било постигнато примирје со Израел.

„Овој напад е извршен како одговор на проектилите лансирани од Појасот Газа кон Израел во текот на ноќта и поради теророт кој што го одобри и спроведе Хамас во текот на викендот“, стои во соопштението на израелската армија.

Од израелската армија соопштија дека биле подени 10 локации во првиот бран на воздушни напади и уште пет во вториот бран на напади. Засега не е познато која точно група ги извела нападите на Израел, но познато е дека неколку помали организации делуваат надвор од границите на Хамас, па се сомнева дека токму тие групи стојат зад ракетирањата.

https://www.facebook.com/idfonline/videos/1894612747228253/

Од официјален Тел Авив соопштија дека во нападот на Палестинците на израелска територија, нема загинати ниту повредени, но од таму нагласија дека ракетите на Хамас оштетиле неколку домови во Израел, а една граната паднала и во градинка.

Во протестите кои што започнаа на 30-ти април на границата помеѓу Појасот Газа и Израел, протестираат илјадници Палестини, а протестите речиси секојдневно беа насилни. Како одговор на насилствата, израелската армија најчесто возвраќаше со боева муниција, по што најмалку 120 Палестинци го загубија животот.

Само во текот на изминатата седмица, палестинските милитанти лансирале над 100 минофрлачки гранати и ракети на територијата на Израел. Станува збор за најжестоките судири помеѓу израелската армија и палестинските милитантни групи од војната во 2014-та година.