Ќе се проценуваат штетите од невремето во Радовиш

од desk2
179 прегледи

Невремето со град кое синоќа го зафати Радовиш предизвика штети во градското подрачје.
Тоа го соопшти градоначалникот на Радовиш, Герасим Конзулов.

Според него, од првичните информации погодени се посеви од тутун, цреши и други овошја.
Штетите од невремето ќе ги проценува Општинската комисија за проценка на штетите.